Ако сте филмофил, кој филм според вас е најдобар на сите времиња и како би изгледала вашата топ-10 листа?
Не е лесно да се одговори на ова прашање, а одговорите веројатно би се разликувале во зависност од вашите афинитети. Затоа, одговорот на прашањето кои се најдобрите филмови на сите времиња е секогаш субјективен.
Американскиот филмски институт направи листа со 100 најинспиративни филмови на сите времиња, во која не се најдоа остварувањата на Дејвид Линч, Пол Томас Андерсон или Бери Џенкинс.
Како што велат од Институтот, горди се што составуваат такви листи за да ја прослават извонредноста во уметничка форма.
Во чест на 10-годишнината од овој наградуван серијал, жири-комисијата составена од 1.500 филмски уметници, критичари и историчари утврди дека „Граѓанинот Кејн“ (Орсон Велс, 1941 година) останува најголем филм на сите времиња.
На листата се наоѓаат и „Кум“ (Френсис Форд Копола, 1972), „Казабланка“ (Мајкл Кертис, 1942), „Разгневениот бик“ (Мартин Скросезе, 1980), „Пеење на дождот“ (Џин Кели, Стенли Донен, 1952), „Лоренс од Арабија“ (Дејвид Лин, 1962), „Шиндлеровата листа“ (Стивен Спилберг, 1993), „Однесено од виорот“ (Виктор Флеминг, 1939), „Вертиго“ (Алфред Хичкок, 1958) и „Волшебникот од Оз“ (Виктор Флеминг, 1939).
Целосната листа со 100 филма можете да ја погледнете
ТУКА.
Извор:
Bizlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube