За многумина, сезоната на празници е идеално време да уживаат во шолја топла напивка и добар божиќен филм. Но, ако не сте внимателни при изборот на филмот, би можеле да поминете два часа гледајќи неуспешни обиди за божиќни филмови.
„Pretty Famous“ дава листа со 10 најлоши филмски остварувања со божиќна тематика. Листата е составена врз основа на нивниот рејтинг на IMDb и „Ротен томејтос“.
10. „Christmas With the Kranks“
Лутер и Нора решаваат една година да не го прославуваат Божиќ, да заборават на украсувањето, на колачите и на божиќните забави и да одат на крстосување на Карибите. Нивните соседи се шокирани од оваа идеја, а работите се влошуваат кога тие нема да го стават дури ни светлечкиот снешко на покривот, украс со кој години наназад улицата Хемлок освојувала награди.
9. „Deck the Halls“
Стив, татко од предградието и љубител на Божиќ, се соочува со неочекувани проблеми со доаѓањето на неговиот нов сосед Дени. Имено, Дени планира да ја осветли својата куќа со доволно светилки за да може да ја види вселената. Секако, Стив му објавува војна на Дени.
8. „Surviving Christmas“
Богатиот извршен директор Дру Латам нема роднини и пријатели и станува носталгичен за неговиот дом од детството кога се наближува Божиќ. Кога ќе ја посети својата стара куќа и ќе најде друго семејство што живее таму, им нуди на сопствениците голема сума на пари за да се преправаат дека се негови родители. Но, кога ќе се појави нивната ќерка Алисија, работите се комплицираат.
7. „Home Alone: The Holiday Heist“
Откако ќе остане сам дома, едно осумгодишно момче влегува во битка со крадци кои се обидуваат да ја ограбат куќата.
6. „Santa With Muscles“
Амнезијата прави еден човек да мисли дека е Дедо Мраз. Приказната се комплицира кога ќе одлучи да се појави во локално сиропиталиште.
5. „A Merry Friggin' Christmas“
Бојд е принуден да го помине Божиќ во домот на неговите родители и мора да тргне на пат со својот ексцентричен татко за пред божиќното утро да набави подароци за својот син.
4. „The Nutcracker“
Божиќ е досаден во Виена за 9-годишната Мери. Но, нејзиниот сакан вујко ѝ дава сосема необичен подарок: магичен орев.
3. „Santa Claus Conquers the Martians“
Владетелот на Марс е вознемирен што децата од Марс се мрзливи и под силно влијание од поп-културата од Земјата. Тие се опседнати со телевизиски програми и не сакаат да работат. Во обид децата повторно да се развеселат, Кимар организира киднапирање на Дедо Мраз, со надеж дека веселиот стар произведувач на играчки ќе може да ги развесели.
2. „Santa Claus“
Волшебникот Мерлин му помага на Дедо Мраз да ги спаси децата што имаат тенденција да станат лоши.
1. „Saving Christmas“
Годишната божиќна забава на сестрата на Кирк наскоро ќе ја уништи Кристијан. Филмот што излезе во 2014 година е рекордер, а неговата оцена е само 1,4.
Фото: Screenshot/YouTube