X
 05.12.2023 Живот

Новата Државна лотарија со нов слоган: Среќата е насекаде!

Во четвртокот во СЦ „Јане Сандански“ беше промовирана новата визија за Државна лотарија − нова, свежа, динамична, позабавна, поблиску до народот, иновативна, со поголема и поразновидна понуда на игри на среќа и видови добивки, поактивен член на заедницата, поголема поддршка на општеството, цврста во ставот за промоција и заштита на одговорно и контролирано приредување игри на среќа − тоа е новата Државна лотарија, со нов слоган: СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!

Настанот „99 Мегастарс“, на кој настапија најголемите музички имиња од 90-тите години и почетокот на 21 век беше воден од водителските асови Игор Џамбазов, Марјана Станојковска, Мартин 99 Трпчевски и Миа Костова и беше вистински пример и увертира од тоа што може да се очекува од новата визија за Државна лотарија.



На настанот се реализира и извлекувањето на наградите од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“, по што страницата www.megawin.mk беше и официјално отворена за игра. Под будното око на четиричлената комисија, со помош на електронски генератор на броеви по случаен избор, од сериските броеви на онлајн влезниците на регистрираните учесници беа извлечени добитниците на: 10 гејминг-лаптопи Lenovo; 10 iPhone 14 Pro, 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи и еден автомобил бе-ем-ве. Пријатно изненадување беше големиот интерес за регистрации, а добивме извонредно богата шаренолика слика на добитници од: Демир Хисар, Штип, Тетово, Кочани, Гостивар, Берово, Куманово, Новаци, Македонски Брод, Старо Нагоричане, Кривогаштани, Битола и од скопските општини Илинден, Центар, Бутел, Кисела Вода и Гази Баба. Добитникот на премијата – автомобил „бе-ем-ве“ го контактиравме телефонски од сцена и можевме да ја слушнеме неговата збунетост и неверување.



За феноменалната забава се погрижија: Искра Трпева, Peace Brothers, Куку Леле, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Нови дечки, Тони Зен, Ивона Јо, Ластовица, Дуо Дис, Наде Талевска, Теа Трајковска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски – Принц…



Новиот симбол на Државна лотарија е калинка, која на овие простори е традиционален симбол за среќа и благодат; тоа е плод кој асоцира на радост, свежина, надеж, а ако се погледне поинаку − топче е со круна. Недвојбено, ова е вистинскиот симбол кој ја одразува и дејноста на компанијата и нејзината нова стратегија која ќе донесе уште повеќе благодат за сите бидејќи СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот