X
 26.09.2023 Живот

Државна лотарија, при сите активности води грижа за заштита на малолетници од учество во игри на среќа

Државна лотарија, согласно Законот за игри на среќа, претставува единствено трговско друштво за приредување на игрите на среќа во коешто Република Северна Македонија е основач или акционер со 51 % од основната главнина.

Само Државна лотарија може да ги приредува електронските и интернет игрите на среќа, самостојно или заедно со други приредувачи, и таа надлежност произлегува од одредбите на член 7, став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

За реализација на погоренаведените законски одредби, од страна на Државна лотарија и Владата на Република Северна Македонија, донесена е Одлука за започнување постапка за основање трговски друштва за организирање интернет игри на среќа.

Одлуката се темели на закон и на претходно изработена физибилити студија за истото.

Одлуката е во правец на поддршка на одговорното и контролирано приредување на интернет игрите на среќа од страна на државата.

Во однос на контролираното приредување на интернет игрите на среќа, во новоформираните друштва доминантно учество во капиталот и управувањето ќе има Државна лотарија, како гарант за почитување на сите принципи за одговорно и контролирано приредување игри на среќа.

Реализацијата на овие принципи се одвива на начин што се штитат учесниците во игрите на среќа од можност за прекумерно учество и потенцијално развивање зависност од овој вид игри на среќа.

Притоа особено се води посебна грижа за ранливите категории лица (граѓани и семејства кои веќе се соочиле со проблемот на зависност од коцкање), и се преземаат мерки и активности за целосна забрана за можност за учество во овој вид игри на среќа од страна на малолетни лица.

Исто така, мнозинското учество на Државна лотарија во капиталот и во управувањето во друштвата за приредување интернет игри на среќа значи сигурност дека во континуитет ќе се преземаат мерки за уште поголема поддршкана медиумите, културата, спортот, општините и буџетот на државата.

Истовремено, се регулира онлајн просторот и даноците се слеваат директно во Буџетот на Република Северна Македонија, наспроти неконтролираното играње на странски платформи без каков било придонес во буџетот, а и одлевање на средствата во странство.

Се овозможува фер и конкурентен натпревар, на повеќе оператори, во коишто државата е доминантен сопственик и гарантира дека сите средства се слеваат во буџетот.

Работењето на Државна лотарија минатата година беше потврдено и со сертификат од страна на Асоцијацијата на Европски Лотарии за одговорно приредување игри на среќа.

Забраната за малолетни лица може да се реализира и да се сноси одговорност само преку домашни платформи, наместо нерегулираниот, неконтролиран и хаотичен актуелен онлајн простор окупиран од странски платформни.

Истовремено, добиените приходи од приредувањето интернет игри на среќа ќе значи директно зголемување на средствата во Буџетот на Република Северна Македонија, а индиректно, граѓаните ќе имаат можност во интернет игрите на среќа да учествуваат преку домашни платформи, што од една страна подразбира сигурна исплата на добивки, а од друга страна ќе значи сузбивање на нелегални странски и домашни приредувачи на полето на интренет игрите на среќа.



(комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот