X
 06.01.2020 Живот

10 психолошки придобивки од учењето втор јазик

„Да знаеш втор јазик е исто како да имаш втора душа“ - Карло Велики

Порано луѓето мислеа дека познавањето два јазика може да создаде конфузија во умот. Затоа се сметаше дека е подобро совршено да се знае еден, отколку два јазика, па тие да се мешаат.

Друг поекстремен и поапсурден поглед беше дека учењето два јазика предизвикувало некој вид шизофренија или подвоена личност.

Некои истражувања се чинеше како да ја поддржуваат идејата дека учењето два јазика може да биде проблем; раните истражувачи забележале дека билингвалците имаат помал вокабулар и побавен пристап до зборовите.

Меѓутоа, овие митови денес се засенети од многу истражувања чии резултати покажуваат неверојатни психолошки придобивки од учењето втор јазик.

1. Растење на мозокот


Центрите за јазик во мозокот всушност растат како резултат на успешното учење на јазикот. Колку подобро учиш, толку повеќе растат овие витални области.

2. Одложување на Алцхајмеровата болест

Билингвизмот ја одложува Алцхајмеровата болест кај луѓе со потенцијален ризик за дури 5 години. Звучи неверојатно, но истражувањата продолжуваат да го поддржуваат овој резултат.

3. Самиот јазик подобро се слуша

Доколку некоја личност е билингвална, тогаш има подобрени вештини за слушање, бидејќи мозокот мора да работи понапорно за да разликува други типови звуци во два или повеќе јазици.

4. Стануваат почувствителни за јазик


Бебињата што живеат во билингвално семејство може да разликуваат јазици кои никогаш претходно не ги слушнале. Самото тоа што се изложени на други звуци, на пример, шпански и каталонски, им помага да направат разлика помеѓу англиски и француски.

5. Ја зголемуваат меморијата

Бебињата што живеат во билингвална средина имаат посилна меморија од оние што не растеле во ваква средина, односно растеле само со еден јазик. Ова значи дека тие се подобри во пресметување, читање и други значајни вештини.

6. Подобар мултитаскинг

Билингвалците може да решаваат задачи едноподруго, и тоа многу побрзо. Тие покажуваат многу поголема когнитивна флексибилност и полесно се адаптираат на неочекувани услови.

7. Зголемено внимание


Билингвалците имаат поголема контрола над нивното внимание и имаат поголема способност да ги ограничат дистракциите.

8. Двојна активација


Когнитивните зголемувања, како што е подоброто внимание и мултитаскинг, доаѓаат поради тоа што билингвалците во исто време ги имаат активирано и двата јазика и мора постојано да гледаат кој е посоодветен. Сето тоа враќање назад и напред предизвикува ментални придобивки.

9. Различен начин на гледање на нештата

Учењето нов јазик буквално може да го промени вашиот начин на поглед кон светот. Учењето јапонски, на пример, може да ви помогне да ја перципирате бојата на поинаков начин.

10. Го подобрува вашиот прв јазик

Бидејќи учењето на вториот јазик го привлекува вниманието до апстрактните правила и структурата на јазикот, може да го подобри првиот јазик.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот