X
 03.01.2021 Живот

Станете експерт во сѐ користејќи ја техниката за учење на Илон Маск

Илон Маск е еден од најинтелигентните и најмоќни луѓе во светот. Главниот мозок кој стои зад „Спејс-Екс“, „Тесла“ и „Боринг компани“ е вреден работник. Тој работи вкупно 85 часа неделно на сите негови проекти и компании.

Маск е во постојана потрага по знаење и начини на кои може да го примени своето знаење од повеќе дисциплини. Тој изјавил дека е важно да се гледа на знаењето како на семантичко дрво, односно дека треба да се разберат основните принципи, кои се стеблото и големите гранки, пред да се навлезе во лисјата, односно деталите од дисциплината. Инаку, лисјата не би имале на што да висат.

Изјавата на Маск е спротивна на многу традиционални совети дека за да станете успешни, треба да се специјализирате во нешто во што ќе бидете вешти. Маск повеќепати досега докажал дека е можно, но и профитабилно да се има генерално знаење. Низ историјата Леонардо да Винчи, Томас Едисон и Никола Тесла се само некои од гениите што имале знаење од повеќе области.


Фото: Wikipedia

Семантичкото дрво на Маск

Концептот за семантичкото дрво вклучува поделба на знаењето во основни принципи за подобро разбирање. Маск има воспоставено метод за читање кој може да биде корисна техника за секој што сака да има знаење од повеќе области како него.

- Дефинирајте го предметот. Најдете воведни лекции или текстови, на пр., во учебници или списанија за да се запознаете со основите на материјата;

- Запишувајте белешки. Сумирајте ги клучните факти и идеи со свои зборови за да го разберете прочитаното. Читајте ги белешките додека не ги разберете;

- Проширете го знаењето. Откако ќе ги разберете основите, барајте дополнителни извори за учење, како изворите користени во учебниците;

- Тестирајте се. Доколку информацијата што ја учите е практична, испробајте ја. Доколку е теоретска, обидете се со едноставни зборови да му ја објасните на пријател или колега.

Автор: Марсел Швантес
Извор: inc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот