Популарната серија „Мандалориецот“ (англ. The Mandalorian), која се прикажува на „Дизни плус“, е најпиратираната серија во 2020 година, според податоци од торенти на „Биторент“.
Според анализа направена од веб-страницата „Торент фрик“, „Игра на троновите“ била најпиратирана серија седум години по ред. Но таа заврши во 2019 година, а „Мандалориецот“ пристигна истата година.
Во 2019 г. „Мандалориецот“ била трета по ред, а минатата година ја презеде
титулата најпиратирана серија. Овој „успех“ ја покажува големата популарност на серијата. Платформата „Дизни плус“ има над 80 милиони претплатници според податоци од декември, а постои малку повеќе од една година. За споредба, „Нетфликс“ постои 13 години и има 190 милиони претплатници.
На листата со најпиратирани серии во 2020 се најдоа и „Момците“ (англ. The boys) „Вестворлд“ (англ. Westworld), „Викинзи“ (англ. Vikings), „Ѕвездени патеки: Пикард“ (англ. Star trek: Picard), „Рик и Морти“ (англ. Rick and Morty), „Живи мртовци“ (англ. The walking dead), „Аутсајдер“ (англ. The outsider), „Стрелата“ (англ. The arrow) и „Флеш“ (англ. The flash).
Автор: Џенифер Бисет
Извор:
cnet.com
Фото: Screenshot/Youtube