X
 23.05.2019 Култура

Серијата „Чернобил“ на Ејч-би-о ја надмина „Игра на троновите“

Мини-серијата „Чернобил“, која има пет епизоди, моментално има 9,5 оцена на IMDb, а се наоѓа веднаш по „Планетата Земја II“ и ги надминува „Игра на троновите“ и „Брејкинг бед“.

„Чернобил“ е креирана и напишана од Крег Мазин, а режирана од Јохан Рренк. Серијата ја прикажува катастрофата во Чернобил што се случила во април 1986 година во градот Припјат, Украина.

imdb
Фото: IMDb/Prinstcreen

Експлодирал еден од четирите нуклеарни реактори, со што ослободил 400 пати повеќе радиоактивнa прашина од Хирошима во 1945 година.

Пилотите што ги изгаснале првите пожари летале на температура од 120 до 180 Целзиусови степени и сите починале од зрачење.

Катастрофата била ужасно менаџирана. Спасувачите биле набрзина однесени на самото место без да знаат со што ќе се соочат, па повеќето од нив се соочиле со ужасна смрт.

Се смета за една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото, предизвикана токму од човекот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура