X
 06.02.2020 Живот

Балканец пресметува колкави се трошоците за живот во Германија

Иван Ловриќ е хрватски државјанин кој живее во Германија заедно со своето семејство. Тој стана познат по своите видеа во кои зборува за трошоците и другите аспекти од животот во Германија, а неодамна објави ново видео во кое ги пресметува трошоците за живот во Германија во 2020 година.

Ловриќ веќе има снимено видео за трошоците за живот во Германија, но тие се смениле оттогаш, најмногу поради тоа што тој го сменил своето живеалиште.

- Трошоците многу зависат од станот, тоа е најголемиот трошок што ќе го имате - вели Ловриќ.

Видеото ги вклучува личните трошоци на Ловриќ и неговото семејство, па тие може да се разликуваат во однос на други жители на оваа земја. Тој живее со сопругата и двете деца.

Во видеото гледаме дека од вкупните трошоци за живот, Ловриќ издвојува 1.150 евра месечно за станот. За споредба, тој плаќал за станарина 715 евра минатата година, но и станот бил помал. Потоа значителен трошок претставува отпадот, за што годишно плаќа 252 евра, односно 21 евро месечно.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот