X
 15.02.2021 Живот

Неверојатно видео го прикажува процесот на топење на снегулките, но во обратна насока

Тешко е да се долови сложеноста на снегулките на фотографија. Со секоја кристална формација што паѓа во својот уникатен распоред на ситни капки мраз, следниот најголем предизвик е да ја фотографирате таа уникатна снегулка пред да се стопи пред вашите очи. Но, токму со топењето работите се навистина интересни.

Јутјуб-каналот наречен „Анодер перспектив“ направи неверојатно детални макроснимки од топење на снегулките. Но, наместо да ги прикаже лесните кристали од мраз додека полека се топат, видеото си игра со снимките и го прикажува процесот на топење обратно. Резултатот е изненадувачки волшебен и се чини дека снегулките растат од ситни капки вода во забрзано видео.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот