X
 06.12.2020 Култура

Режисерот на „Сам дома“ открил интересен податок за снимањето на филмот

Една од најзабавните сцени во филмот „Сам дома“ е онаа кога Кевин ги мами вработените во хотелот со помош на црно-бел филм. Филмот наречен „Ангели со гнасни души“ изгледа толку автентично, што многу луѓе до денес мислат дека станува збор за вистински филм.

Филмот, кој Кевин конечно може да го гледа откако неговото семејство замина без него за Париз, бил направен од режисерот Крис Колумбус специјално за „Сам дома“. За црно-белиот филм се излажале дури и познати личности, како Сет Роген и Крис Еванс.

Колумбус во едно интервју открил дека забуната можеби е предизвикана од начинот на снимање на лажниот филм. Имено, „Ангели со гнасни души“ се снимал со техника што била популарна од 40-тите до 60-тите години. Со истата техника бил снимен и „Сам дома“, но во боја, а овој метод му ја дава топлината која е совршена за празничен филм.


Автор: Џејсон Герасио
Извор: insider.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура