Мисијата на НАСА наречена „Артемис“, со која се очекува да се однесат астронаути на јужниот пол на Месечината, веќе донесе ригорозни тренинзи.
Од НАСА ни овозможија да ѕирнеме во подготовките така што објавија фотографија од неколкумина астронаути како тренираат на дното од мрачен базен со неутрална пловност во кој се симулирани лунарните услови.
Од Агенцијата соопштија дека нуркачите во Лабораторијата за неутрална пловност (НБЛ) создавале услови за идно тренирање за прошетка на Месечината преку симулација на лунарните услови на осветлување.
- На јужниот пол на Месечината, Сонцето нема да биде повеќе од неколку степени над хоризонтот, што ќе резултира со екстремно долги темници. За да ги подготвиме астронаутите за овие предизвикувачки услови, тимот во НБЛ почна со прелиминарни процени на решенијата за светлината на Месечината на дното од базен длабок 12 метри - стои во соопштението.
Во тестот било вклучено и исклучување на сите светла во објектот, обложување на ѕидовите во базенот со завеси за замрачување за да се минимизираат рефлексиите и користење подводна филмска ламба за да се имитираат условите.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Twitter