X
 07.03.2020 Живот

Сто жени на годината на „Тајм“

Цели 72 години „Тајм“ прогласуваше маж на годината. Со неколку исклучоци, речиси секогаш беше маж, обично претседател или премиер или можеби некој титан во индустријата. Во текот на историјата тоа се видовите мажи што имале влијание во светот.

Во 1999 година маж на годината беше заменет со личност на годината. Иако името се промени, изборот често беше ист. Со проектот „Сто жени на годината“ списанието ги става во фокус влијателните жени што често биле во сенка. Тука се вклучени жени кои биле на позиции од кои често биле избирани мажите, како светски лидери, на пр., Голда Меир и Корасон Акино, но многу повеќе жени што го стекнале влијанието преку активизам или култура.

Како поранешен уредник на „Тајм“, Ненси Гибс пишува дека овој проект е вежба за разгледување на начините на кои жените имале моќ поради системска нееднаквост.

- Жените имаа моќ долго пред концептот да биде дефиниран - пишува Гибс.

За да им оддаде признание на тие жени, „Тајм“ направи 89 нови насловни, од кои многу се дизајнирани од видни артисти. Оние 11 насловни за жени што биле прогласени за личности на годината биле оставени недопрени. Стоте избори во овој проект се резултат на неколкумесечен процес кој почнал со повеќе од 600 номинации направени од вработените во списанието, експерти, креативниот партнер, Алма Харел и комитет на истакнати жени од различни полиња.

Процесот поттикнал прашања како што значи да се биде жена, како општеството не успеало да го препознае придонесот на жените и слично. Еден одговор доаѓа од феминистичката организаторка Глорија Стејнем, која од списанието ја избрале за 1970 година и од која побарале да се наврати на текст што го напишала истата таа година, што било ретка можност за рефлектирање на 50 години промена.

Тука можете да ги видите сите сто насловни и да прочитате нешто повеќе за секоја од нив.

Извор: Time
Насловна фотографија: Time (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот