Американскиот магазин „Тајм“ објави листа со 100. највлијателни луѓе за 2019 година, а победниците се поделени во неколку категории, од дебитант до титан.
На листата со дебитанти има имиња со различен стаж на јавната сцена. Тоа се актерката Сандра О, овогодишна добитничка на „Златен глобус“, најдобрата тенисерка во светот Наоми Осака, кулинарската ѕвезда Самин Носрат.
Американскиот магазин „Тајм“, кој секоја година ја објавува оваа листа, меѓу највлијателните луѓе за 2019 година ја смести и интернет-ѕвездата Нинџа.
Голем успех постигна Криси Тајген, која се најде на листата благодарение на 23,7 милиони следбеници на нејзиниот инстаграм-профил, кулинарските шоуа и популарноста која ја доживува како една од најдуховитите светски ѕвезди.
Во групата со највлијателни уметници се актерите Двејн Џонсон, Реџина Кинг, Емилија Кларк, Глен Клоуз, Махершала Али и Рами Малек, како и пејачката Аријана Гранде.
„Тајм“ ја задржа политичката објективност, па на листата со лидери ја стави Ненси Пелоси, која од 2011 година е претставничка на малцинствата во Претставничкиот дом на Америка, но и американскиот претседател Доналд Трамп, кој несомнено е влијателна фигура на светската политичка сцена.
Меѓу лидерите е и премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која го воодушеви светот со емпатијата што ја покажа откако нејзината земја пред неколку месеци доживеа терористички напад. Меѓу лидерите се најде и папата Франциск, принцот Мохамед бин Зејден и шведската тинејџерка и активистка за заштита на природата Грета Тунберг.
Фото: Shutterstock
Во категоријата икони се најдоа Тејлор Свифт, Лејди Гага, а во таа престижна група се најде и поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, потоа режисерот Спајк Ли, новинарката Марија Реса, која на Филипини се бори за слобода на медиумите и која поради конфликтот со филипинскиот претседател Родриго Дутерте, првично била осудена на затворска казна од 12 години, за потоа казната да биде променета во условна.
Целосната листа можете да ја погледнете
ТУКА.