X
 07.03.2024 Живот

Авицена лабораторија и „Светот на Биби“ најавија заедничка соработка

Авицена лабораторија ланската 2023 година ќе ја одбележи како година во која инвестициите главно ги насочи кон своите најмали и најмили клиенти – децата. Лабораторијата во средината на 2023 година ја отвори својата прва и единствена детска лабораторија во нашата држава, таканареченото „Детско катче“, кое претставува забавен и уникатно дизајниран приемен дел исклучиво за деца, а денес ја најави соработка со брендот „Светот на Биби“.

„Светот на Биби“ е едукативен и образовен бренд кој го поттикнува креативното размислување и учење по пат на игра и забава, со цел развивање најразлични вештини кај децата. Целта на заедничката соработка помеѓу Авицена лабораторија и „Светот на Биби“ е да се пренесат пораки за здрави навики и здрав стил на живот на што е можно поголем број деца.



Двете компании заедно ќе креираат најразличен вид анимирани приказни, содржини, игри и заеднички настани со кои ќе ги едуцираат и информираат децата за негување на здравјето и примената на здравите навики во секојдневниот живот.

- Навиките најдобро се стекнуваат на најмалата возраст. Ова е уште еден доказ за нашите постојани заложби како општествено одговорна компанија, која постојано го промовира здравјето и здрави навики. Децата се вистинскиот фокус на кој треба да се посветиме доколку сакаме позитивни промени во иднина - изјави оперативниот директор на Авицена лабораторија, Билјана Димитриевска.

Од „Светот на Биби“ потенцираат дека заедничката соработка со Авицена лабораторија претставува позитивен пример на компании кои имаат комплементарна визија кога станува збор за едукација на децата.

Оваа соработка помеѓу двете компании во иднина ќе се продлабочи и во други сегменти од работењето.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот