X
 07.04.2019 Живот

Актерката Билјана Беличанец пронајдена мртва

Актерката Билјана Беличанец синоќа беше пронајдена мртва во стан во Скопје. Од МВР потврдија за нејзината смрт.

Таа дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1994 година и веднаш потоа започна да работи во Народниот театар „Војдан Чернодрински“. Во 1997 година започнува со работа во Драмскиот театар во Скопје.

беличанец

Одигра голем број улоги меѓу кои и Маргарет Флаерти (Заводникот од западниот свет, 1997); Сузана (Свадбата на Фигаро, 1998); Софија Јегоровна (Платонов, 1999); Клариса де Бисоњози (Арлекин - слуга на двајца господари, 1999); Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа (Кандид во земјата на чудата, 2000); Ерика Брукнер (Мефисто, 2000); Маре (Тетовирани души, 2001).

Беше дел и ТВ-проектот „Здраво генијалци“ и натсинхронизираше гласови во турски серии.

Од 2013 до 2017 година беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода.

Низ нејзината кариера освои голем број награди меѓу кои и наградата Трајко Чоревски за најдобар млад актер за улогата на Медеја во претставата „Медеја“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во 1966 година, наградата за најдобар млад актер на фестивалот Мали и експериментални сцени за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“, награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и наградата за најдобро актерско остварување на МФТ „Војдан Чернодрински“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот