X
 07.04.2019 Живот

„Беше мојот Петар Пан“, „Се надевам дека сега си на подобро место“, „Тажен ден за македонското глумиште“! Колегите се простуваат од Билјана Беличанец

Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче


Неверување и шок ги разбуди утрово колегите на големата македонска актерка Билјана Беличанец која вчера беше пронајдена мртва во стан во Скопје. Тие со трогателни пораки на социјалните мрежи се простуваат од неа.

Министерството за внатрешни работи официјално соопшти дека вчера околу 22,30 часот, С. М. пријавил дека во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Фото: Драмски театар

Ова се пораките на колеги, новинари и јавни личности кои ги напишаа на социјалните мрежи во чест на Беличанец:



„Се надевам дека сега си на подобро место...
Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого...
Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше...
Толку многу даде, а уште колку многу остана....
Тешко и за неверување маме...Ти благодарам за СЕ!
Почивај во мир Билјана Беличанец“
(Јелена Јованова, актерка)




„Само смртта може да биде посурова од вистината!Замина една голема македонска актерка!Почивај во мир Билјана Беличанец!“
(Роберт Вељановски, актер)

„Денес е тажен ден за македонското глумиште и воопшто за македонскиот театар во целина.
Почивај во мир, Билјана Беличанец„
(Војо Цветановски, пантомимичар)

„Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан.
Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче.
Замина во Недојдија...“

(Драган Спасов- Дац, актер)


„Каква страшна вест ме дочека утрово. Каква трагедија. Како бе Бици, зошто?
Никогаш нема да го заборавам твојот огромен актерски талент уште од Нижото музичко училиште и смешките што редовно ни ги правеше на турнеите со хоровите на „Дом на млади 25 Мај“ и кога без ронка срам во автобус ја имитираше нашата дива Милка Ефтимова во нејзино присутво. Таков раскошен дар за уметност ретко се случува. Знаев дека таков огномет од емоции е тешко бреме, но зошто...? Зошто, зошто?“
( Бранка Костиќ-Марковиќ)

„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет.“
(Васил Зафирчев, актер)

„Не издржа...Беше инспоирација за многу од нас... Патувај спокојно“.

(Александра Пешевска, актерка)

Фото: Драмски театар

Беличанец беше извонредна актерка, одигра голем број улоги меѓу кои и Маргарет Флаерти (Заводникот од западниот свет, 1997); Сузана (Свадбата на Фигаро, 1998); Софија Јегоровна (Платонов, 1999); Клариса де Бисоњози (Арлекин - слуга на двајца господари, 1999); Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа (Кандид во земјата на чудата, 2000); Ерика Брукнер (Мефисто, 2000); Маре (Тетовирани души, 2001).


Беше дел и ТВ-проектот „Здраво генијалци“ и натсинхронизираше гласови во турски серии.

Од 2013 до 2017 година беше градоначалничка на скопската Општина Кисела Вода.

Фото: Драмски театар

Низ нејзината кариера освои голем број награди меѓу кои и наградата Трајко Чоревски за најдобар млад актер за улогата на Медеја во претставата „Медеја“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во 1966 година, наградата за најдобар млад актер на фестивалот Мали и експериментални сцени за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“, награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и наградата за најдобро актерско остварување на МФТ „Војдан Чернодрински“.
Подготвил: М.А.М

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот