Ова е одлична година за оние што се љубители на филмовите, а тоа е случај дури и ако ги гледате само оние филмови што стигнале до киносалите.
Никогаш не било потешко да се опфати сѐ што е добро, но затоа ќе се обидеме да ви помогнеме да го погледнете и најдоброто од она што веројатно ви се провлекло низ прсти.
„The World Is Yours“
Во морето филмови за големи кражби веќе полека се губиме бидејќи кражбите станаа малку истрошен тренд кој веќе е тешко да се гледа. Но, ако сакате да гледате уште еден филм за кражби, филмот на Ромен Гаврас е она што ви треба. Човекот кој ги режирал некои од најдобрите спотови, го режира и овој филм, кој е еден од посимпатичните филмови со кражби во последните десет години.
„Thoroughbreds“
Оние што израснале во 80-тите веројатно се сеќаваат на извонредната црна комедија „Heathers“, која до ден-денес не се симна од тронот како најдобар филм за средношколци. „Thoroughbreds“ веројатно нема да го помести од местото, но би можел да стане „Heathers“ на новите генерации.
„Puzzle“
Акцијата која ја следи незадоволната и неизживеана средновечна жена која обожава да решава загатки можеби не е нешто што ќе ве привлече веднаш, но ќе погрешите ако барем не му дадете шанса на новиот филм на Марк Туртлетауб. Точно дека станува збор за римејк на аргентински филм од 2010 година, но станува збор за квалитетен римејк.
„The Strangers: Prey at Night“
Ако ви фали класичен хорор во стилот на оние што ги снимаше Џон Карпентер, време е да му дадете шанса на продолжението „The Strangers“. Чекавме десет години за продолжението, но се исплатеше. Овој филм вреди да го погледнете дури и ако не сте го гледале првиот дел.
„Tully“
Оние што ги сакале „Juno“ и „Young Adult“, треба да знаат дека постои и трет филм. Овој пат следиме измачена мајка на три деца која добива помошничка која е многу повеќе од она што очекувала.
„The Cage Fighter“
Драмите за боксерите и ММА-борците никогаш не биле претерано оптимистични, ниту пак ги гледате ако барате класична разонода. Но ова не е таков филм, туку трагична, инспиративна приказна за борбата против горе-долу непремостливите пречки.
„Who We Are Now“
Драма за мајка која по отслужувањето на десетгодишна казна излегува на слобода и оди во борба за старателство над синот. Сите оние што сакаат малку повеќе од безумна разонода, ќе најдат сѐ што бараат во овој филм на Метју Њутаун.
„Holiday“
Филм на данската режисерка и сценарист Изабела Еклоф, кој ја воодушеви публиката на „Санденс“.
„Sunday’s Illness“
Филм за мајка која се среќава со ќерката што ја напуштила, истовремено е трогателна драма и психолошки трилер за проблемите што ваквиот однос може да ги предизвика.
„En El Septimo Dia“
Филм за мексикански доселеник кој работи во Бруклин и паралелно се обидува да ги усогласи досадната работа што му обезбедува егзистенција и страста која ја претставува фудбалскиот клуб со кој се обидува да го освои
првенството.