Студирањето медицина не е лесно. Тоа може да биде физички, емоционално и интелектуално заморно. Понекогаш е потребна пауза, но и таа пауза може паметно да ја искористите. Во продолжение се неколку филмови во кои се прикажуваат болести и здравствени проблеми кои би требало да ги знаат сите студенти по медицина.
„Сѐ уште Алис“ (Still Alice)
Животот на една професорка по лингвистика е уништен кога открива дека има Алцхајмерова болест. Филмот го прикажува влијанието на болест врз менталното здравје.
„Часовите“ (The hours)
Филмот следи три жени од различни генерации. Тој прикажува како психичките болести, како депресијата и биполарното нарушување, може да доведат до самоубиство.
„Треба да зборуваме за Кевин“ (We need to talk about Kevin)
Овој филм фантастично ги прикажува потенцијално трагичните последици на асоцијалното нарушување на личноста и влијанието на најблиските. Филмот ја разгледува темата на хуман начин, без да предизвика шок кај гледачите.
„Зараза“ (Contagion)
Овој американски филм е снимен во 2011 година. Во приказната се појавува смртоносна епидемија, а научниците се обидуваат да го спречат нејзиното ширење.
„Грипот“ (The flu)
Станува збор за јужнокорејски филм за појавата на смртоносниот сој Х5Н1, кој ги убива пациентите за 36 часа.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија: Pixabay