Полека влегуваме во декември, божиќни украси, светилки во продавниците, а планирањето за Нова година веќе започна и веќе започнавте да разговарате со родителите. Сите знаеме дека после божиќните празници следува јануари - последниот месец пред зимскиот семестар и пред колоквиумската недела.
Времето лета, и во тоа самите се уверивте, а пред да дојде стресниот испитен период, бидете сигурни дека треба да направите неколку забавни нешта кои ќе ви ја пополнат годината на која и` се наближува крајот.
Испланирајте нешто со колегите со кои разговарате само за предавања
Ова е една личност која сите студенти ја имаат: пријателството цвета додека сте на предавања, но надвор од предавалната никако да го продолжите вашиот однос. Ако толку добро се сложувате на предавања, големи се шансите да станете добри пријатели и надвор од факултетот, а не постои подобра можност за тоа од божиќните празници.
Направете дополнителни задачи за екстра бодови
Зошто да не направите некоја семинарска и да добиете екстра поени кај омилениот професор? Испитните рокови сигурно ќе поминат подобро, а и оценките на крајот ќе ви бидат подобри.
Фрлете ги работите кои не ви се потребни
Скриптите од положените испити, семинарски кои не ви требаат, фрлете се` што ви зафаќа дополнително место. Подгответе се за почетокот на новиот семестар - секогаш овие учебници кои не ви се потребни можете да ги подарите на помладите колеги.
Подгответе се за празниците
Ако треба да направите некоја задача пред празниците, направете го тоа за да можете да уживате во празниците. Одморете се, наполнете ги батериите пред испитите и започнете со нова енергија.
Направете план за полагање на испитите
Сега веќе сигурно имате некоја идеја кои испити ќе бидат лесни, а за кои ќе морате да го загреете столчето. Направете план за полагање и учење - не постои ништо подобро од положување на испитот и нова оценка која ви го подобрува просекот.
Истражувајте го неистражуваното
Дали некогаш сте јаделе во кантината на факултет? Дали сте влегле во библиотека и сте прошетале? Дали сте биле во новиот клуб за студенти на вашиот факултет? Искористете го ова време пред крајот на семестарот и пробајте нешт оново и запознајте нов дел од вашиот факултет.
Поставете си новогодишни цели
Зошто ја чекате Нова година за донесување на одлуки? Одлучете уште сега како ќе ја започнете новата година - поставете си цели и полека утврдете со кое темпо и по кој пат ќе се движите за да ги реализирате.