Државна лотарија го најавува новиот награден квиз – 7. НЕБО, кој ќе трае од 8 септември до 22 декември 2024 година.
Квизот ќе се одржува секоја недела во рамките на популарната емисија „Седмо небо“, на ТВ Канал 5. Сите учесници добиваат награди, а во четирите финални емисии се доделува ексклузивно патување за двајца!
Сите заинтересирани ќе имаат можност да се пријават за учество преку посета на интернет-страницата www.7nebo-loto.mk, каде што ќе треба да одговорат точно на зададеното прашање и да остават свои лични податоци за учество во извлекувањето на учесниците. Пријавувањето трае до 20 август.
Во секоја емисија ќе учествуваат по тројца натпреварувачи. Секој месец, четвртата емисија ќе биде особено возбудлива, каде што победниците од претходните три емисии ќе се натпреваруваат за главната награда. Вкупно четири емисии ќе вклучуваат главни награди, а сите учесници од секоја емисија ќе добијат различни награди.
Процесот на одбирање на учесниците и нивното обучување ќе се врши преку специјално дефинирана комисија. Натпреварувачите треба да дадат кратки и брзи одговори, во рок од 7 секунди. Прашањата се поврзани со историјата, игрите и понудата на Државна лотарија.
За повеќе информации и за регистрација за учество, посетете го веб-сајтот
www.7nebo-loto.mk.
Останете во тек со сите новости и изненадувања од Државна лотарија!
(Комерцијална објава)