X
 19.09.2019 Живот

Кој игра, тој добива

Инстант-лотаријата на Државна лотарија во период од нецели 10 години понуди 41 серија лозови со вкупен фонд за добивки од близу една милијарда денари

Г-ѓа Гурга Георгиева е пример за редовен играч кој со радост се согласува за објава по остварена добивка, во прилог на транспарентноста.

Денес на покана на Државната лотарија, г-ѓа Гурга Георгиева ги посети нашите простории и пред камера ја раскажа својата приказна од која пренесуваме дел во ова соопштение.

Поттикнати од интересот на дел од медиумите за објавуваните добивки освојувани на инстант-лотарија од страна на г-ѓа Гурга Георгиева, во текот на последните пет години, а во прилог на точно и комплетно информирање, во согласност со г-ѓа Гурга Георгиева, која е еден од нашите најверни играчи на инстант-лотарија, но една од ретките што ја разбираат потребата од транспарентност, подолу даваме поцелосен осврт.

Г-ѓа Гурга Георгиева во семејството на среќни добитници на нашата инстант-лотарија се придружи од 2014. Со неа и нејзиниот сопруг имавме задоволство да се запознаеме во декември 2014 кога освои една од 10. премии „голф 7“ на инстант-лозот Седма брзина.

Г-ѓа Гурга долги години живеела во Швајцарија, каде што инстант-лотаријата ја играла од забава. Гребењето инстант-лозови ѝ станало дел од секојдневието, па по пензионирањето и враќањето во својата земја, го зголемила обемот на купување инстант-лозови, како што вели, заради многу поприфатливите цени на лозовите кај нас.



Во овие пет години имавме многубројни средби со неа, лично ги посетува речиси сите наши промоции во Струмица и цела источна Македонија и не пропушта да дојде и на поголемите промоции во Скопје. Инстант-лозови, покрај во Ново Село и Струмица, купува и во Штип, Велес, Скопје и во Прилеп каде што оди во посета на кумовите. Во нејзината чанта секогаш има лозови, и кога во болница го чекала породувањето на својата снаа и кога чека по аеродроми, и кога оди на гости. Нејзината пасија кон инстант-лотаријата оди дотаму што порачува по сопругот, пријатели и такси-возачи од Ново Село да ѝ купуваат лозови од различни градови низ нашата земја. Никогаш не купува помалку од 200 лозови дневно и никогаш добивките од по 5.000 денари и помалите не ги зема во пари, туку во лозови. Воедно, не пропушта свадба, или друг позначаен настан без да подари инстант-лозови, кои ги пакува во убави букети. Таа е особено интересен соговорник, самата вели дека не знае колку точно средства инвестира во купување инстант-лозови, но според нејзините кажувања, со инвестициите и добивките е горе-долу на исто. Гурга вели дека инстант-лотаријата ѝ е главна забава и нема ден без да купи лозови, а во гребењето ѝ помагаат и домашните, и пријателите, и соседите.

Ако редовно игра од 2014 година до денес, или 5 години по 365 дена, и купува минимум по 200 лозови дневно, а како што вели таа, некогаш купува и повеќе, не пропуштајќи да купува во недела, може да претпоставиме дека вложува сериозно голема сума парични средства во инстант-лотаријата. Во согласност со политиката за одговорно играње, ова не е наша препорака, но станува збор за нејзин избор.

Во текот на овие нецели 10 години приредување игри на среќа веќе имаме портфолио на верни играчи и чести добитници, но засега Гурга е единствениот наш редовен играч и чест добитник на инстант-лотарија кој се согласил на фотографирање и јавни објави.



На реакциите во веб-порталите и на социјалните медиуми за бројот на добивки што ги освојува, таа порачува да инвестираат сите како неа, добивки има за сите.

Откако г-ѓа Гурга се вклучила во нашата инстант-лотарија од 2014 досега имаме близу 30 вида пласирани лозови со вкупен број од 177 премии, од кои 67 возила и 110 парични премии (+ 365 електрични тротинети и 40 смартфони), покрај другите многубројни парични добивки.

Од вкупниот број премии во текот на пет години г-ѓа Гурга освоила вкупно две возила, четири парични премии и еден смартфон. Воедно има освоено и други парични добивки од втора, трета и пониски категории.

Поголеми освоени добивки по хронолошки редослед од 2014 до септември 2019:
На лозот Подарок - прва добивка, во 2014, освои една од 30. премии од 60.000 денари;
На лозот Седма брзина освои едно од 10. возила „голф 7“;
На лозот Среќни коцки освои една од 5те премии од по 1.000.000 денари;
На лозот Детелинка освои една од 20. добивки од по 100.000 денари,
На лозот Дијамант (серија 1 и 2), освои една од 38. добивки од 150.000 денари, една од 45. добивки од 50.000 денари, една од 55. добивки од 10.000 денари
На лозот Златна рипка (серија 1,2, 3, 4 и 5), освои една од 75. добивки од по 50.000.
На инстант-лозот Паркирај Хибрид, освои едно од 10. возилата „тојота аурис хибрид“;
На лозот Среќен роденден освои еден од 40. смартфони;
На лозот Златна треска освои една од 5. премии од 585.000 денари;
На лозот СЕФ (серија 1, 2 и3) освои една од 9. премии од 600.000 денари;

Како што рече самата, најдрага добивка досега и е возилото „тојота аурис хибрид“, а приматот на омилен лоз отсега ќе го има инстант-лозот Аладинова ламба.

На г-ѓа Гурга сме ѝ благодарни што се согласуваше за фотографирање и објава при подигање на добивките, за разлика од многубројни добитници кои не се согласуваат ниту иницијалите да им ги објавиме. Се надеваме дека реакциите на дел од јавноста нема да ја обесхрабрат да се повлече и да бара анонимност.

Државна лотарија работи согласно Законот за заштита на личните податоци и објавувањето на добитниците е исклучиво по добиена писмена согласност од добитникот. Благодарни сме им на сите членови на семејството на среќни добитници на нашите игри на среќа кои се согласуваат на објава, но, за жал, сè уште голем дел од добитниците, особено на парични добивки, го задржуваат правото на анонимност, што не е во прилог на транспарентноста. Необјавувањето покрева коментари и се создава неоправдана недоверба. За жал, овој пат дел од јавноста неоправдано упатуваше критики на сметка на транспарентноста.



Како Државна лотарија која е одговорен приредувач на игри на среќа, од исклучителна важност ни е транспарентноста. Игрите на среќа ги приредуваме за да овозможиме забава и добивки за сите што ќе се вклучат во игра. Интензитетот на играње го одредуваат самите играчи, согласно нивните желби и можности. Инстант-лотаријата за г-ѓа Гурга е пред сè начин на забава кој согласно нејзините зборови, секојдневно го практикува, сака и може да си го дозволи, а како што изјави, за неа гребењето има терапевтско дејство.

Г-ѓа Гурга Георгиева е доказ дека кој игра, тој добива.

Подолу даваме осврт за темата инстант-лотарија на Државна лотарија.

Инстант-лотаријата е вид фондовска игра на среќа која нуди можности за освојување добивки, не награди, бидејќи не се работи за наградна игра, туку за игра на среќа во која се обезбедува учество во играта за забава и добивки. Досега пласираните лозови се во вредност од 30 до 80 денари, од кои во фондот за добивки се одвојуваат околу 64%, додека 4% од вредноста на лозот се наменети за инвестирање во републичкиот буџет за општествено корисни цели.

Државна лотарија од почетокот на приредување игри на среќа, од 23 април 2010 година, пласира вкупно 41 серија лозови, од кои 37 серии инстант-лозови, каде што добивката се дознава со гребење и 4 серии експрес лозови, каде што добивката се дознава со кинење.

Вкупниот фонд за добивки во досега пласираните инстант-лозови изнесува 997.151.080 или близу милијарда денари пласирани добивки во нецели десет години, вклучително и актуелните кои се во моментов на пазарот. Фондот на добивки за секоја посебна серија се распределува по категории добивки од најмалата, која најчесто е во иста вредност со лозот, до премијата, која може да биде парична или стокова добивка. Видовите премии се избираат врз основа на анализи и истражувања на очекувањата на играчите и моменталните трендови. Видовите на досега пласирани парични премии по лозови се од 30.000 до 1.000.000 денари. Кај лозовите со премии стокови добивки имаме голема разновидност, која се заснова на актуелноста на стоковата добивка. Досега низ понуда на премии се пласирани вкупно 605 стокови добивки од кои 35 скутери, 40 смартфони, 365 електрични тротинети и 165 возила од различни брендови и типови: ланчиа делта, сеат леон, голф 6, поло, голф 7, пасат, рено твинго, цитроен Ц1, тојота аурис хибрид, киа спортаж, Џип и најновите пласирани се мини морис и бе-ем-ве Х1.

Ги замолуваме сите наши играчи, меѓу кои и играчите на инстант-лотарија, да се согласуваат на фотографирање и објава, по примерот на г-ѓа Гурга Георгиева, заради транспареноста и негувањето на довербата.

Кој игра, тој добива.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот