„Светот на Биби“ во рамките на едукативниот центар „Бибиверзум“ овозможува онлајн-настава „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“ за сите дечиња. Ја отвораме можноста за
ново пријавување на онлајн-школата, која ќе почне на 26 октомври и ќе трае до 30 ноември.
Децата ги учат буквите преку посебна програма која предвидува учење низ игра и забава, поттикнување на трпението, разбирањето. Наставата ќе се одвива трипати неделно (понеделник, среда и петок). Со неа ќе им овозможиме на сите пријавени учесници да ја научат азбуката заедно со Биби и Боби.
Наставата ја водат воспитувачите и наставниците во „Бибиверзум“, кои се искусни и одлични едукатори со цврсто академско знаење во теоријата и искуство во практиката за развојот на детето. Природниот авторитет, духовитоста, фантазијата и почитувањето на детето се особините на нашите воспитувачи и наставници. Нашата цел е да ги учиме децата како да мислат, а не што да мислат; да истражуваат; да се сомневаат; да прашуваат; да комуницираат; да прават грешки и да учат од сопствените грешки; и најважно - да им биде убаво и забавно додека учат.
Во секоја група има околу 10 дечиња. Часовите се одржуваат онлајн преку платформата „Зум“. Секој пријавен учесник треба да има на располагање уред за следење на онлајн-настава и интернет-конекција. Се препорачува наставата да се следи од компјутер, десктоп или лаптоп за подобар преглед на содржината.
Цената за следење на онлајн-школата ќе изнесува 1.800 денари. Пријавувањето е преку овој
линк
Досега, околу 200 деца поминаа низ онлајн-школата.