Моето девојче оди во градинка, има 3 години и 6 месеци. Премногу е темпераментна и секој ден учителката ми кажува дека се задева со децата, не сака да слуша ништо, не сака да се заморува со ништо. Кога ќе ја земам и разговарам со неа на таа тема, само ми вели: „Не правам јас никакви лоши работи, мирна сум и ќе бидам мирна“. Кога ќе дојдеме дома, на нејзиното братче не му дава ништо, никаква играчка, само го удира, го тепа. Избувнувам во моментот, не сакам ни да ја удрам по газето или да ја скарам, меѓутоа, таа ме вади од контакт. Има моменти кога јас ѝ кажувам што не треба да прави, а таа не ме слуша.Има поддршка од баба ѝ и до некаде и дедо ѝ има удел во тоа. Јас кога ги стегав уште од малечки, додека ги учев на некои работи, објаснував, тие ми велеа дека се многу малечки, дека не разбираат ништо, да ги оставам да прават што сакаат. И сега кога растат, кога прават некои работи, тоа им пречи. Не знам како да се однесувам. Ве молам за помош!
Ова е читателско прашање упатено до психолозите и психотерапевтите соработници на Деца.мк.
Одговорот на Наташа Маџевска, психотерапевт, прочитајте го на овој
ЛИНК.