X
 26.03.2024 Живот

Момче од Кина креирало видео од својот починат татко за да ја поштеди баба си од тажната вест

Момче од Североисточна Кина користело „дип фејк“ технологија за да го имитира својот починат татко и да спречи веста за неговата смрт да пристигне до неговата 91-годишна баба.

Таткото починал пред шест месеци од канцер, но семејството не ѝ ја открило веста на бабата бидејќи таа имала тешко срцево заболување.

Веста за смртта често се крие за да се заштитат чувствата на најблиските. Кога родителите се стари, децата можат да ја сокријат веста за смртта на постарите чичковци и тетки во семејството ако здравјето на родителите е кревко. Родителите на млади луѓе, исто така, можеби нема да им откријат информации на своите деца за лошото здравје или смрт на роднина во текот на важни фази од нивниот живот, како што се универзитетските испити или важни приемни тестови. Иако криењето на таквите вести сигурно не е прв таков случај во Кина, сега тоа вклучува и употреба на „дип фејк“ технологија.

Како се користи оваа технологија?


Технологијата користи алатки за вештачка интелигенција за да имитира позната личност. Таквата содржина може да се искористи за создавање лажен впечаток преку создавање лажни видеа со говор што тие не го кажале. Со неодамнешните технолошки подобрувања станува полесно да се создаваат вакви материјали, а економската измама со користење на „дип фејк“ е доста честа појава. Со оглед на тоа што технолошкиот напредок овозможува точно усогласување на гласовите, станува сè потешко да се забележи и разликува вистинско видео од лажно.

Сепак, внукот, чие презиме е Сан имал прилично големи проблеми за да ја користи технологијата. По смртта на неговиот татко Сан морал да ги прегледа фотографиите за да најде неколку што би можеле да се користат за вештачката интелигенција.

Зошто бабата не можела да го забележи тоа?


Семејството не сакало да ѝ ја открие веста за смртта на синот бидејќи верувало дека тоа многу ќе ја потресе. Така, ја известиле дека нејзиниот син се лекува во престижна болница во Пекинг и не може да се врати дома. Кога внукот решил да го направи видеото за бабата - ѝ било кажано дека користењето на мобилните телефони не е дозволено во болницата. Сепак, внукот ѝ рекол дека ќе отпатува во Пекинг за да ѝ сними видео од нејзиниот син.

Пред да ѝ го покаже видеото на својата баба, семејството се преправало дека внукот отпатувал за Пекинг. Кога видеото било готово, не и било прикажано директно на бабата, туку на една тетка од семејството за таа да провери дали навистина личи на починатиот син.

Сан користел технологија за замена на лица за да го направи видеото, но морал да го имитира гласот на неговиот татко. Во видеото ѝ се обраќа на бабата и ѝ вели дека во болницата не можат да го излекуваат, но дека болеста е ставена под контрола и дека е добро. Веројатно лошиот вид на постарата жена ја олеснил ситуацијата во смисла дека таа била убедена оти го гледа својот син на видеото.

Приказната излегла на виделина откако Сан споделил видео со овие информации на веб-страницата на социјалниот медиум „Дојин“.

Извор: Interesting engineerig

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот