X
 08.01.2020 Технологија

Биометриското си-ви ќе открива работни навики за кои и кандидатот не е свесен

Научната фантастика сè почесто станува реалност, па сега на ред дојде и биометриско си-ви… Се работи за точната процена на работните навики на кандидатот за некои работи, на пример: движењата на очите додека човекот гледа во екранот – заради утврдување на тоа колку тој е толерантен на глукоза, телесните реакции во миговите на носење одлука или обид да се присети на некои информации итн.

Биометриското си-ви би служело како показател на физичката спремност да се преземат одредени работни задачи. Со тоа би се утврдило дали тој е добар кандидат за работата или не.

Притоа, биометриските податоци како поим ќе опфаќаат многу повеќе од отпечатоци на прсти и скенирање на очните зеници. Новите биометриски податоци ќе го опфаќаат и ритамот на пишувањето по тастатурата, па дури и друштвените навики, на пр., колку време еден човек минува комуницирајќи со другите.

Сето тоа, сепак, носи и одреден ризик од злоупотреби и дискриминациски однос кон кандидатите. Стресот, на пр., често е последица на здравствени проблеми или, пак, на попреченост. Можна е дискриминација и по однос на полова или етничка основа.

Според некои стручни лица, тоа го отвора прашањето дали и во колкава мера луѓето се подготвени да бидат „под лупа“ на таков начин.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија