Во брзиот модерен свет често знаеме да потрошиме многу часови скролајќи на смартфонот и „пронаоѓајќи“ се себеси, а притоа да изгубиме контакт со околината и нашите најблиски. Facebook, Twitter, Instagram, YouTube, мејлови, блогови и безброј портали – живееме во свет на комуникации и можности, поврзани како никогаш досега. Но, сето ова од благодат може да се претвори во опсесија и да влијае негативно не само на нашето слободното време туку и на нашата романтична врска. Многу често повеќе време гледаме во смартфонот отколку во парнерот, поважно ни е да постираме на Instagram, отколку да се погледнеме в очи...Технологијата е алатка која треба самосвесно да ја користиме во наша полза, а не против нас.
Границите треба да ги поставиме сами, да почитуваме едноставни правила на користење на технологијата, на пример: да не го носиме мобилниот телефон во спалната соба кога сме со партнерот, да ги исклучиме нотификациите навечер кога треба да излеземе заедно или, едноставно, да разговараме... Овие мали работи ќе направат голема разлика за нашата врска. Доколку се користи паметно, технологијата може да има позитивно влијание на нашата романтична врска.
Дојче Телеком креираше иновативно решение за паровите зависни од технологија -
„Паметна долна облека“, дизајнирана да го сврти вниманието на партнерите еден кон друг. Идеален подарок за Денот на вљубените, се состои од две парчиња долна облека во магента боја и два Love Chips (Bluetooth чипови) кои се поврзуваат со мобилната апликација Connected Underwear и упатство за користење. Со чипот се испраќа текстуална порака до телефонот на партнерот, кој добива покана. Ако партнерот ја прифати пораката, тогаш се активира режимот Love Mode, се вклучува романтична плејлиста, се проектира романтичен скринсејвер и апликацијата го прашува корисникот дали да биде активиран режимот „Do Not Disturb“.
Ограничената серија на „Паметна долна облека“ можете да ја купите преку
онлајн продавницата на Love Magenta, по цена од 25 евра, со бесплатна испорака, од 6 февруари.
Следете ги Facebook и Instagram профилите на Македонски Телеком доколку сакате да учествувате во некој од предизвиците и да добиете „Паметна долна облека“.
(комерцијална објава)