Врвната услуга за корисниците е постојано во фокусот на Македонски Телеком. Оттука, во овој период пристигнаа многу новитети. Почнувајќи од двојно повеќе интернет-сообраќај за корисниците, па сè до најнови смартфони и можност за нивно осигурување од голем број незгоди.
А, денес, смартфонот стана вистински вредна инвестиција. Особено ако вашиот живот и вашата работа се темелат врз брзата информација и комуникациите. Но, и покрај сите негови усовршувања и технолошки предности, сепак постојат голем број ризици и ситуации во кои нашиот паметен уред може да биде под закана од уништување и оштетување. Без оглед на тоа дали се работи за штета од пожар или од излевање вода од водоводна и од канализациска инсталација, невреме, провална кражба или паѓање на осигурените предмети, удар и сл., постои можност да ги осигурите вашите електронски уреди од таквите ризици, бидејќи гаранцијата на самиот уредот не ги покрива нив.
Иако осигурувањето на уредите одамна им е достапно на корисниците, најновата понуда на Македонски Телеком им овозможува на граѓаните да купат смарт телефон со веќе вклучено осигурување. Промотивниот период трае до крајот на април, а се однесува на сите купени смартфони во Доверба 24 на тарифите Smart L и Magenta 1 L.
Осигурувањето е достапно за сите постојни и нови корисници, а важи од моментот на купувањето на новата електронска опрема од Македонски Телеком.
Во најновата понуда, освен осигурувањето, Македонски Телеком на корисниците им овозможува и двојно повеќе интернет на најдобрата мрежа за постпејд тарифите Smart и за Magenta 1, a неискористениот интернет може да се префрли во следниот месец, па на овој начин корисниците може целосно да уживаат во зголемената понуда на интернет-сообраќај во својата претплата.
Повеќе информации за понудата и за изборот на смартфоните што влегуваат во новата понуда можете да добиете на веб-страницата или во најблиската продавница на
Телеком.