Во животот сигурно се слушнале за приказната како нашата генерација оди низ светот со носот во екраните. Постојано седиме на компјутер, играме игри и сме закачени на социјалните мрежи. Се чини дека и оние кои постојано ни приговараат всушност не се ни малку подобри од нас.
Знаеме, најлоши сме. Критикувањето на младите луѓе зависни од технологијата и интернетот стана вообичаени, како во медиумите така и во реалниот живот. Родителите се оние кои постојано ни приговараат и постојано се жалат дека сме пред компјутер, наставниците жалат по времињата кога учениците под клупа прелистувале стрипови, а медиумите пишуваат статии за влијанието на технологијата врз нас.
Но, можеби ние и не сме единствената генерација врз која најмногу влијае технологијата.
Да не се лажеме, генерациите кои сега одат во средно или на факултет се ужасно заслепени со технологијата. Еден просечен тинејџер својот паметен телефон го проверува дури 150 пати на ден. Бараме постојан ангажман. Нашиот мозок нема одбранбен механизам против ваквиот извор на стимулација, кој може да не` ангажира во секој момент.
Но, кој вели дека другите генерации се подобри во врска со ова прашање?
За една група да можете некако да ја карактеритзирате, мора прво да ја споредите со друга група. А доколку се спореди нашата генерација со генерацијата на нашите родители кога станува збор за зависноста од технологијата, резултатите се изненадувачки.
Истражувањата од организацијата „Nielsen Global Survey“ покажува дека возрасните, исто како и младите, се зависни од екраните и технологијата.
На пример, ако се спореди процентот во кој групите користат технологија за време на појадокот, излегува дека најголем процент кај луѓето на возраст помеѓу 50 и 64 годин користат технологија. Дури 52% од нив за време на појадокот користат некој вид на технологија. Во групата на возраст од 25 до 49 години биле околу 45%. За споредба, групата на возраст од 15 и 20 години, користеле технологија за време на појадокот во 38% од случаите.
Ова истражување не се однесува само на паметните телефони туку и на сите технолошки одвлекувања на вниманието. Така, во групата на луѓе кои користеле технологија за време на појадокот спаѓаат и во оние кои за време на ручекот гледаат телевизија и серии.
Посебен проблем кај возрасните се службените мобилни телефони и меилови. Истото истражување наведува дека 60% од луѓето проверуваат меил за време на годишниот одмор, 40% од нив сметаат дека е оправдано да одговорат на меиловите од работа за време на семејниот ручек, а 6% од нив службениот телефон го проверувале на погреби и за време на пораѓањето на нивните сопруги.
Трошењето време на технологијата кај возрасните не престенува тука. Во едно истражување за трошењето на работното време од страната Salary.com, дури 66% од испитаниците пријавиле дека на социјалните мрежи трошат барем половина час.