X
 27.12.2015 Технологија

Која земја во светот има најбрза просечна брзина на интернет?

Компанијата „Akamai“ која се занимава со доставувањето на содржини на интернет корисниците од целиот свет. Тие се една од најголемите компании за испорака на содржини преку раширени мрежни компјутери.

 

брзина


Според проценките, до 30% од содржината на интернет е доставена токму од серверот на „Akamai“. Во редовното истражување за третиот квартал од оваа година, компанијата забележа просечна брзина од 6.1 мегабити во секунда (mbps) за интернет корисниците од Македонија.

Истражувањето покажа дека просечната брзина во Албанија е 5.0 мегабити во секунда, во Хрватска просечната брзина е 5.5 мегабити во секунда, во Босна и Херцеговина 5.7 мегабити во секунда и во Србија 7.2 мегабити во секунда со што Србите имаат најбрз интернет во регионот.

Бугарија пак има просечна брзина од 12 мегабити во секунда, а Романија 13 мегабити. Кога станува збор за најбрз интернет, Шведска води во цела Европа, со 17.4 мегабити во секунда, а веднаш зад неа се Норвешка, Швајцарија, Холандија, Латвија и Чешка.  

 

брзина


Ситуацијата е слична и на глобално ниво. Шведска повторно е број еден. Америка и Велика Британија делат слична просечна брзина со околу 12 мегабити во секунда. Ситуацијата е најлоша во земји како Боливија, Венецуела, Никарагва, Индонезија кои имаат просечна брзина од 3 мегабити и пониско.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија