Како што расте живата во термометарот, сè поголем број возачи посегнуваат по копчето кое ќе ги заштити од топлината и влажноста додека возат.
Климатизацијата во автомобилот е божји дар за време на долгите возења. Но, сè има рок на траење, а климатизерите не се исклучок. Секако, постои можност климата да ви откаже токму кога ви е најпотребна, оставајќи ви само можност да го отворите прозорецот или уште полошо - да имате непријатен мирис во автомобилот.
Тиктокерката, потпишана под името „@master_driver666“, објаснува како да се заобиколи овој проблем. Таа го споделила своето прилично едноставно и исплатливо решение, кое ветува дека ќе ги елиминира необичните мириси во автомобилите.
- Ако има мирис во автомобилот кога ја вклучуваме климата и ефектот на ладење не е добар, отворете ја кутијата за потпирачот за раце од совозачката страна - вели таа и објаснува дека внатре има прекинувач што ќе ви овозможи многу брзо да дојдете до филтерот на клима-уредот. Таа покажала и како се отстранува филтерот и се заменува со нов, за кој вели дека не чини премногу, но покажала и неколку други корисни трикови.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik