X
 15.03.2023 Технологија

Пристигнува напредна верзија на „Чет-ГПТ“ која ќе креира видеа

Софтверот „Чет-ГПТ“ го освои светот. Откако беше претставен на крајот од минатата година, голем број технолошки компании почнаа да се натпреваруваат околу понудата на вештачка интелигенција. Дополнително, многу од нив посочиле дека развојот на производи базирани на вештачка интелигенција ќе им биде приоритет.

Андреас Браун, главен технолошки директор на „Мајкрософт“ во Германија, на конференција нагласи дека може да очекуваме нова верзија на овој софтвер со вештачка интелигенција овој месец, пренесува „Диџитал трендс“.

Новата верзија ќе креира и видеа

Новата верзија ќе биде базирана на понапреден модел кој ќе овозможи „сосема различни способности“, вклучувајќи видео. Ова значи дека новата верзија ќе може да креира видеа врз основа на барањата на корисникот.

Сепак, ова нема да биде првата алатка за вештачка интелигенција што може да креира видеа врз основа на текстуални инструкции. Слична алатка била претставена минатата година од „Мета“, која може да создаде прилично реалистични видеа врз основа на записи на кратки текстови.

Извор: Digital trends
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија