Во длабоките води на океанот, каде што не продираат сончевите зраци, плови еден ѕвер. Наречена е крвава ајкула и како и многу други суштества од длабокото море, нејзиниот стил на живеење е мистерија.
Во минатото научниците успеваа да ги изнесат овие ајкули на површината и да ги означат за следење, но во нормални околности, тие повеќе сакаат да останат во темните води, додека во поплиткото одат само навечер за да се хранат.
Со оглед на тоа дека носењето на површината може да ги дезориентира ајкулите, податоците собрани подоцна може и да не се вистински приказ на нивните движења. Затоа, научници сакале да направат нешто што порано не било направено: да означат крвава ајкула во нејзиното природно живеалиште.
Оваа ајкула е чудо. За разлика од нејзините роднини што еволуирале и имаат пет жабри, крвавата ајкула има попримитивни шест жабри - остаток од раната јура, кога првпат еволуирале претходниците на ајкулите. И според фосилите на тие ајкули, крвавата ајкула се сменила изненадувачки малку.
Ова е голема ајкула која расте и до осум метри во должина, а се смета дека индивидуи можат да живеат до 80 години.
Во текот на мисијата првата вечер подморницата била опколена со ајкули. Кога научниците сакале да означат една крвава ајкула, ознаката се одбила од женката. Втората вечер научниците направиле релевантни мерења, но ајкулите не се појавиле. На третата вечер пак биле тука, но за жал се појавила поголема риба, која сама се означила на точната позиција. Конечно, научниците успеале во мисијата во текот на четвртата ноќ, кога означиле голем мажјак.
На снимката поставена на „Твитер“ од страна на морскиот биолог Гавин Нејлор од Државниот универзитет на Флорида не е означената ајкула, туку огромна женка на која тимот наишол на 29 јуни.
Тимот е восхитен не само поради снимката, која е прекрасна, туку и поради конечното означување на ајкула од
подморница.
Фото: Screenshot/Twitter