СЗО објави видео во кое се прикажува колку штета предизвикува пушњето на срцевиот мускул.
Целта на видеото е да се поттикне свеста за влијанието што цигарите го имаат врз здравјето и човечкиот организам и да ги охрабри пушачите да престанат да пушат.
На почетокот на снимката се споменува дека тутунот е една од најчестите причини за срцеви заболувања. Видео-материјалот завршува со порака „Заштитете го вашето срце и изберете го здравјето - не тутнот“.
Според проценките на експертите,
пушењето е причина за 17 отсто од сите смртни случаи предизвикани од срцеви заболувања.