Локална појава на пороен дожд и грмежи ќе има денеска во попладневните часови, а ќе има услови и за изолирана појава на град и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето утре ќе се задржи сончево и топло. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а дневните од 26 до 36 степени. Во Скопје и во околината минималната температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 31 степен.
Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса в среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар) во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Поради северниот ветер, ќе има пад на температурите за шест до осум степени.
Извор: МИА