Денес е петок, 26 мај 2017 година, 146-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:00, а ќе зајде во 20:00 часот. Денот ќе трае 15 часа и 00
минути.
Како што и вчера најавивме врнежите од дожд кои што продолжија во текот
на ноќта четврток кон петок, продолжуваат и денес во утринските часови
кога насекаде во Македонија имаме облачно време со врнежи од дожд кои
што во централните и источните предели се од поинтензивен карактер и ќе
продолжат и во наредните часови.
МАКЕДОНИЈА – Поинтензивните врнежите од дожд што ги имаме во утринските
часови ќе продолжат и во текот на денот и ќе доминираат во источната
половина од Македонија каде што локално се очекуваат да надминат и 30
литри, а во останатите предели ќе бидат сосема слаби и локални врнежи.
Во текот на денот ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен
ветер. Минималните температури од 5 до 14 степени, додека пак
максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје денеска се очекува претежно облачно и нестабилно
време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен
северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, додека пак
максималната дневна до 17 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота умерено облачно време со
повремени и локални врнежи од дожд, претежно во попладневните часови но
и потопло време со благ пораст на дневните температури. Минималните од 6
до 15 степени, а максималните дневни од 12 до 22 степени. Во недела
намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди па ќе биде умерено
облачно со сончеви периоди. Попладне во јужната половина од Македонија
со услови за слаби и локални врнежи. Утринските температури од 4 до 13
степени, а дневните од 17 до 27 степени. Во понеделник и вторник
стабилизација на времето, ќе биде претежно сончево и топло време со
осетен пораст на температурите. Минималните од 3 до 12 односно од 4 до
13 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од 19 до 29.
Weather4all.com.mk