Хакери поврзани со Северна Кореја украле стотици милиони криптовалути за да ги финансираат програмите за нуклеарно оружје на режимот, покажува истражување.
Оваа година, од јануари до 18 август, хакери поврзани со Северна Кореја украле криптовалути во вредност од 200 милиони долари, што е над 20 отсто од сите украдени криптовалути оваа година, покажува истражувањето на „ТРМ Лебс“, фирма за блокчејн-разузнавање.
- Во последниве години имаше забележителен пораст на обемот на сајбер-напади врз бизниси поврзани со криптовалути од страна на Северна Кореја. Ова се совпадна со очигледното забрзување на нуклеарната и балистичка ракетна програма на земјата - велат од „ТРМ Лабс“.
Аналитичката компанија „Чејнааналисис“ вели дека во извештајот од февруари повеќето експерти се согласуваат дека севернокорејската влада ги користи овие украдени средства за финансирање на своите програми за нуклеарно оружје.
Од првата нуклеарна проба на Северна Кореја во 2006 година, Обединетите нации воведоа повеќекратни санкции за Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и балистичка ракетна програма.
Санкциите, кои вклучуваат забрани за финансиски услуги, минерали, метали и оружје, имаат цел да го ограничат пристапот на Северна Кореја до изворите на финансирање што ѝ се потребни за поддршка на нејзините нуклеарни активности
Фото: Freepik