X
 23.03.2016 Технологија

"Uber" доделува 10.000 долари - Како да ги освоите?

Уште една компанија јавно бара помош од глобалната хакерска заедница. Компанијата е „Uber“.


Компанијата сместена во Сан Франциско која ја промени индустријата на такси-возилата и превозот во последните неколку години објави повик за сите хакери на почетокот на неделава.

Имено, компанијата претставува нова програма за која бара помош од хакерите да најдат грешки. Претходната потрага по грешки била направена со 200 експерти во период од 10 месеци, што резултирало во 100 грешки откриени во интернет-страниците и апликациите на компанијата.

„Uber“ е само една од повеќето компании кои изјавија јавен повик за помош од страна на хакерите при наоѓањето грешки и слабости во своите програми.

Компанијата нуди и парична награда за секоја сериозна грешка која ќе биде пронајдена. Ќе бидат доделувани и до 10.000 долари за најдобрите хакери.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија