X
 08.10.2016 Образование

Успехот на училиште започнува од дома

Децата кои се успешни на училиште, генерално имаат родители кои ја разбираат важноста на подршката и кои имаат начин да всадат позитивен пристап кај ученикот кон учењето, вклучувајќи ја и домашната задача.

Домашна задача – работа која ученикот ја завршува дома без помош и надзор на наставникот – ова е важен дел од училишниот ден. Домашната работа помага во самодисциплината на ученикот и во планирањето на времето. Исто така, помага децата да станат самостојни и домашната задача да ја сфаќаат сериозно.

Понекогаш домашните задачи се комплицирани и тешки. Најчесто тоа е првата работа која вашето дете сака да ја направи после училиште. Многу често бара од родителите наместо да читаат весник да помогнат на своето дете на било кој начин.

Ако родители се незаинтересирани за домашната работа на своето дете, тогаш ја губат можноста да го научат детето за позитивниот став како работници. Овие вредности се премногу важни за целиот овој процес да биде препуштен на случајноста.

Воведувањето на едноставната дневна рутина е од голема помош :

Читајте им на вашите деца и кога се многу мали – Редовното читање ќе се трансформира во редовна навика за завршување на домашните здачи, кога децата ќе појдат на училиште.

Одредете место и време за учење и домашна работа – Местото не мора да биде нешто посебно, но најважно е децата да ја добијат пораката дека домашната задача е приоритет.

Исклучете го телевизорот – Најдобро е телевизорот да не биде во собата каде што децата учат, за да можат да се сконцентрираат на домашната задача и учењето на лекциите. Многу од педагозите препорачуваат телевизорот да биде исклучен во текот на целата недела додека детето оди на училиште.

Завршувајте ги вашите обврски додека вашето дете ја пишува домашната – Можете да си ги средите документите, да читате нешто или да ги завршите обврските кои не сте стигнале да ги завршите на работното место. Важно е вашите деца и вас да ве видат дека пишувате, читате и се концентрирате на работата за да им послужите како личен пример за градење на навиките.

Инсистирајте домашната работа да биде уредна – Децата треба да научат дека е важно да се претстават себеси и својата работа во најдобар ред, бидејќи тоа и показател за самопочитување и почитување на другите. Навика која ќе им биде корисна во текот на целиот живот.

Проверете само дали домашната задача е комплетно завршена – Барајте детето да ја напише целата постапка а не само крајните резултати. Наставниците треба и да ги видат грешките на вашите деца, за подоцна да можат да ги корегираат и да научат нешто од нив. Никогаш немојте да ја пишувате вие самите домашната задача на детето наместо него. Учествувајте само ако детето ви постави конкретно прашање, па обидете се да му објасните.

Воспоставете го правилото во семејството дека за секој предмет по кој ќе биде добиена оценка помала од 4, ќе воведете дополнително учење – Оценката под 4 значи дека вашето дете не научило 20 проценти или повеќе од она што наставникот смета дека е потребно да го знае.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование