X
 11.03.2016 Образование

Зошто е битно препознавањето на стилот на учење кај своите ученици?

Наставата не мора во секој момент да биде „сериозна“ и насочена кон оној кој зборува. Учењето и подучувањето се интерактивни процеси.

Во наставниот процес цел ни е да ја развиеме способноста и знаењето на ученикот и да им помогнеме самостојно да учествуваат во обликувањето на правилниот однос кон природните и општествени појави, кон себе и кон другите, и да обликуваат сопствени односи со останатите. Затоа, наставата би требала да биде отворена кон ученикот за да му овозможи развивање на тие вештини. Таа е социјален процес, а не само собирање информации.

Стилот на учење е начин на кој поединецот се подготвува и концентрира, како процесира, интернализира и задржува нови и тешки содржини. Некои ученици се способни за учење материјал иако не користат стратегии кои најдобро одговараат на нивниот стил на учење. Меѓутоа, се покажало дека најдобри резултати се постигнуваат кога учениците се подучувани на начин кој најмногу одговара на нивниот стил на учење.

Моделот на стилови на учење е осмислен од Рита и Кенет Дан, а е насочен кон препознавање на индивидуалните доминантни стилови на учење на секој поединец. Моделот тргнува од следниве премиси:

1. Стлот на учење е биолошки и развоен собир на лични карактеристики кој се состои од наставни средини, методи и средства ефективни за едни, но неефективни за други ученици.

2. Повеќето луѓе имаат склоност кон еден стил на учење, но склоноста кон стилот на поединецот се разликува кај секого.

3. Во текот на наставата постојат одредени склоности кон учењето на материјалот и може да се мери задоволувањето на таквите склоности.

4. Колку е посилна склоноста кон доминантниот стил, толку е поважно да се овозможат компатибилни наставни стратегии.

5. Овозможувањето на одредените склоности кон стилот со наставни и советодавни интервенции придонесува за поголем успех и подобар однос на ученикот кон учењето.

6. Во соодветното опкружување, со соодветните средства и пристап, учениците постигнуваат статистички подобри резултати и подобро мислење за тестовите околку кога не го применуваат својот стил на учење.

7. Повеќето учители може да научат да употребуваат различни стилови на учење како основа на својата настава.

8. Повеќето ученици може да научат да ги употребуваат своите стилови на учење при концентрација за нов и тежок материјал.

9. Колку е еден поединец понеуспешен, толку е поважно да му се овозможи искористување на склоноста кон одредени стилови на учење.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование