„Музичка вечност“ е името на настанот кој ќе се одржи денеска, со почеток во 19 часот, во хотелот „Хилтон“, а на кој ќе настапат талентирани ученици од повеќе оддели од Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“. Настанот има цел да ги промовира и поддржи младите музички уметници, како и да го промовира македонското музичко творештво и традиција.
Организатор на концертот е директорката на училиштето, Даница Стојанова, пијанистка и професор по пијано, а ќе настапат ученици од повеќе оддели од „Илија Николовски - Луј“. Официјални домаќини се претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓорѓиевска, а меѓу присутните ќе бидат министерката за образование и наука, министерката за култура, претставници од дипломатскиот кор, како и претставници од областа на културата.