X
 08.11.2018 Образование

Со стипендии МОН ќе ги мотивира посолидните средношколци да учат студиски програми за наставен кадар


Министерството за образование и наука со нов тип стипендии ќе ги мотивира средношколците со повисок просек да се запишуваат на студиските програми за предучилишно воспитание, основно и средно образование.

На страницата на ЕНЕР се објавени податоците за измени во Законот за студентскиот стандард.

Се предвидува изменување и дополнување на членот 49 од Законот за студентскиот стандард, во насока на воведување нов тип студентски стипендии за студенти запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.
Целта на предлог-законот е да се мотивираат завршените средношколци со постигнати високи резултати да го продолжат своето образование на факултети кои реализираат студиски програми за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование