Стотици студенти и средношколци денеска ја бојкотираат наставата за да учествуваат на протестите во Хонгконг.
На таквиот потег му претходеа најголемите протести досега одржани во текот на викендот, за време на кои демонстрантите палеле барикади, фрлале димни бомби, а полицијата одговорила со водни топови, солзавец и гумени куршуми.
Студентите се собрале пред Кинескиот универзитет во Хонгконг, кој е еден од најголемите, а поставен е и транспарент „Обединет бојкот на студентите за нашиот град“.
Инаку, од утринава полицијата се наоѓа во подземната железница во Хонгконг, каде што дошло до судир со демонстрантите за време на викендот.
Учесниците на протестот повикуваат на генерален штрајк, меѓутоа, од утринава во градот ситуацијата е релативно мирна.
Извор: МИА