Кога светското население ќе го достигне својот максимум? Според процени на Обединетите нации (ОН), светот ќе има максимални 10,4 милијарди луѓе кон крајот на 80-тите години на овој век. Други модели проценуваат дека максимумот ќе биде достигнат порано.
Графикон од „Вижуал капиталист“ покажува какви процени даваат ОН, Институтот за податоци и евалуација на здравството и Меѓународниот институт за применети системски анализи.
Може да се види дека ОН очекуваат светското население да го достигне максимумот во 2086 година и да остане на ниво над 10 милијарди луѓе до 2100.
Од друга страна, другите модели проценуваат максимум од 9,7 милијарди луѓе во 2060., односно 9,4 милијарди во 2070, соодветно. Овие модели проценуваат и дека населението ќе се врати на 8 милијарди до 2100 година.
Извор:
Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay