X
 28.02.2022 Наука

Астероид кој се сметал за ризичен сепак нема да удри во Земјата

Неодамна астрономите забележале астероид кој бил на пат да удри во Земјата во јули 2023 година, но заканата сега е минимална. Впрочем, астрономите велат дека шансите за удар се речиси 0 и астероидот, наречен 2022 АЕ1, бил отстранет од листата со ризични вселенски тела на Европската вселенска агенција.

- Во јануари годинава забележавме астероид со највисок ранг на скалата „Палермо“ кој сме го виделе во повеќе од една деценија. Во моите десет години во Европската вселенска агенција никогаш не сум видел толку ризично тело - изјавил астрономот Марко Микели.

Меѓутоа, сега астрономите направиле детални пресметки за движењето на астероидот и се сигурни дека тој нема да удри во Земјата, додава Микели.

Скалата „Палермо“ ги категоризира ризичните тела во близина на Земјата според шансите и силата на можен удар. Повеќето астероиди горат во атмосферата на Земјата при влезот, но некои претставуваат мал ризик.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука