Често добивате телефонски повик од страна на телеоператор со понуда или промоција и најчесто го завршувате пред почетокот на разговорот или сметате дека повиците од страна на телеоператор се досадни и наметливи и пред да ги сослушате?
Препорачуваме да издвоите неколку минути од своето драгоцено време бидејќи преку овој продажен канал навистина можете да добиете неодолива понуда.
Всушност, телефонската продажба – Telesales е можеби еден од најпопуларните методи на продажба во светот.
Telesales е канал чија функција е продажба на производи и услуги кои ги нуди компанијата, комуницирајќи со нови и постојни корисници. Овој тип на директна комуникација претставува важна, доминантна алатка во продажбата, промовирањето и подобрувањето на односите со корисниците.
Telesales е начин да им се даде до знаење на корисниците што нуди компанијата, односно шанса да се изгради силна врска помеѓу корисникот и компанијата.
А1 Македонија е од ретките компании што има одличен Telesales тим. Тимот го сочинуваат професионални агенти кои се максимално посветени во својата работа, подготвени во секој момент да ги исполнат барањата на своите корисници. Имајќи успешен тим за телефонска продажба, компанијата гради цврст и квалитетен однос со корисниците.
(Комерцијална објава)
Продажбата преку телефон можеби звучи несигурна и помалку убедлива, но има свои предности. Една од главните предности на Telesales е тоа што корисниците без оглед каде се наоѓаат, имаат можност да ги слушнат сите понуди што ги нуди А1 Македонија, како и можност на завршување на целиот продажен процес, без притоа да ја напуштат својата комфор-зона. Примената на телефонската продажба овозможува висок квалитет на услуги, односно брза и директна промоција на понуда до корисниците.
Главната цел на Telesales во А1 Македонија е да се олесни комуникацијата со потенцијалните и постојните корисници, со брзи и директни информации како и олеснување на процесот на продажба.