X
 12.03.2020 Живот

Препораки за корисниците на А1 Македонија

А1 Македонија ja известува јавноста дека активно ја следи состојбата и развојот на настаните поврзани со вирусот Ковид-19 во земјата и ги презема сите потребни мерки за превенција и заштита на своите корисници и сите вработени во компанијата.

А1 Македонија ги создава сите услови за минимизирање на непосакувани ситуации и поедноставување на функционирањето во новонастанатите услови предизвикани од Ковид-19.

Како компанија посветена на развојот на дигитални услуги, потсетуваме дека сите информации за нашите услуги се достапни на нашата веб-страница www.a1.mk или преку повик во А1 Контакт центарот на телефонскиот број 077 1234 во текот на 24/7.

Дополнително, корисниците можат да активираат дополнителни услуги и да ги имаат на увид своите сметки преку апликацијата Мојот А1 која може да се преземе на следниот линк https://www.a1.mk/mojot-a1-promo додека своите сметки корисниците можат електронски да ги платат на https://www.a1.mk/plati-smetka.

А1 Македонија се грижи за своите корисници и е подготвена да реагира навремено и одговорно во обезбедувањето континуитет во своето работење и услугите кон корисниците.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот