X
 09.08.2024 Живот

НАСА советува: Напуштете ги градовите за да можете да уживате во метеорскиод дожд „Персеиди“

Каде е најдоброто место да се набљудува метеорскиот дожд „Персеиди“ оваа година? Кое е најдобро време да се видат „Персеидите“?

Најголемиот и најдобар метеорски дожд годинава е речиси пред нас, а НАСА почна да одговара на прашања за тоа како да се видат што е можно повеќе „ѕвезди кои паѓаат“. Нејзиниот главен совет? Излезете од градот и пронајдете темно рурално небо.

Метеорскиот дожд „Персеиди“ годинава трае од 14 јули до 1 септември, но ќе го достигне врвот ноќта од недела, 11 август, кон понеделник, 12 август. Иако можеби веќе сте го виделе овој метеорски дожд, недела е ноќта кога треба да бидете подготвени.

Времето годинава е совршено.

 
- Овогодишните „Персеиди“ ќе бидат малку погодени од растечката Месечина за 53 отсто, но Месечината ќе зајде како што „Персеидите“ ќе почнат да го достигнуваат врвот“ - пишува во блог-пост објавен од НАСА.

Оттаму советуваат: излезете од градот. 

-Обидете се да ја најдете најтемната локација што можете да ја најдете. Колку е потемно местото каде што ќе престојувате, толку е поголема веројатноста да видите како метеорите шараат низ небото - советуваат од НАСА.

Локацијата со јасен, непречен поглед на ноќното небо е од суштинско значење, но она што најмногу ви е потребно е ведро, темно небо. Најдобрата идеја е да се оддалечите што е можно подалеку од урбаното светлосно загадување, така што, можете да се упатите некаде на село.

Исто така, важно е да не користите телескоп или двоглед затоа што значително ќе ги намали шансите да видите ѕвезди што паѓаат.

Извор: Forbes.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот