X
 09.11.2022 Наша тема

Анкета: Дали имате време за приватен живот по работата?

Животот денес носи секојдневни предизвици и постојано брзање да се постигне сè што сме зацртале за еден ден. Додека во помалите градови живеењето е полесно и побавно, животот во поголемите градови често знае да биде напорен.

Одење на работа во смени и често на другиот крај од градот, трчање да се однесат и земат децата на училиште или во градинка, посветување време за нивните домашни задачи и активности, организирање на купувањето намирници за дома, готвење, чистење, перење, пеглање и некогаш се чини дека немате време ни да се наспиете. Некои луѓе би сакале денот да трае повеќе од 24 часа и викендот да трае барем три дена. Но, некои уживаат во благодатите на живеењето во помали градови, каде што сè е блиску и ако не друго, барем не губите време поради сообраќајниот метеж.

Сето ова нè инспирира да ве прашаме - дали и како одржувате баланс меѓу работата и приватниот живот?

Анкетата е анонимна. Ги очекуваме вашите одговори!


*анкетата не е на научна основа
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема