Студентите на отворена анкета избираа наставник што ги одушевил во организирањето на онлајн-наставата, интервју со гостиварецот Радослав Јанкоски, кој работи во Австрија во компанијата МАГНА, светски гигант од областа на автомобилската индустрија, како се организираат полагањата во јунската испитна сесија, кое е најстарото училиште во Македонија? Ова се темите што ги истражувавме неделава.
Дека студентите ценат искреност, посветеност, иновативност и искрен однос кај професорот, покажа и нашата отворена онлајн-анкета во која ги прашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за неговиот труд што го вложил во организирањето на онлајн-наставата. Ни пристигнаа околу 400 предлози на студентите од трите универзитети УКИМ, УКЛО и УГД.
Проверете кој професор доби најмногу пофалби.
Радослав Јанкоски
Во низата наши успешни научници и експерти што градат кариери во светски познати компании се вбројува и Радослав Јанкоски, гостиварец кој дипломирал на ФЕИТ, магистрирал со просек 10, па заминал на докторски студии во Германија. Добитник е на многубројни награди и признанија во Македонија, но и во странство. Автор е на повеќе научни трудови, за кои исто така е наградуван. Јанкоски сега работи во Австрија во компанијата МАГНА. Ова е неговата приказна.
Главно онлајн ќе се одвива јунската испитна сесија на државните универзитети. Со оглед на тоа дека студентските домови не се отворени, бројот на новозаразени сè уште расте, факултетите избраа да им излезат во пресрет на студентите и на овој начин безбедно да ја реализираат сесијата.
Како се спроведува сесијата на факултетите?
Герасим Кујунџиев
Долгата транзиција резултира со затворање на многубројни индустриски капацитети, па инженерите-металурзи се најдоа во неповолна ситуација. Меѓутоа, ваквиот пад на интерес предизвика дефицит на овој кадар, што во овој момент е предност за сите идни студенти. Доколку ги привлекува и се пронаоѓаат во оваа вокација, сега е вистинско време за остварување на нивните инженерски амбиции бидејќи побарувачка има, како во „Еуроникел“ така и во многу други домашни и странски компании што работат во Македонија
, вели директорот на „Еуроникел индустри“, Герасим Кујунџиев.
Рубриката ДАЛИ ЗНАЕТЕ ја отстапивме на формирањето на првото основно училиште во Македонија, кое претставува значаен настан во културната историја за народот. Точно 184 години постои најстарото училиште во земјава, кое било изградено во Скопје. Кое е најстаро училиште во Македонија, прочитајте ТУКА.
Спонтана идеја на студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип заедно со нивната професорка Сања Ристески се претвори во 80-ина креативни заштитни маски. Во период од два месеца 23 студенти од втора и трета година на насоките Дизајн на текстил и облека и Tехнологија на текстил и облека, како и студент на вториот циклус на студии на насоката Индустриски дизајн на текстил, својата инспирација ја претворија во модерен и особено корисен производ со оглед на ситуацијата со пандемијата на Ковид-19.